Реал (М) го спушти Партизан на земја

310

Кошаркарите на Партизан загубија од Реал во Мадрид со 91:75 во последниот денешен меч од 16. коло во Евролигата.

Момците на Жељко Обрадовиќ одиграа катастрофален натпревар и буквално не личеа на тимот кој во претходниот период победи петпати и му дозволи на актуелниот шампион да покаже зошто моментално се најдобриот тим во Евролигата.

Партизан го забележа седмиот пораз сезонава, додека Реал го забележа 15. триумф.

Џанан Муса со 23 поени и четири скока беше најефикасен кај Реал, доеека кај Партизан најефикасен беше Кабокло со 18 поени.

ПретходноТеодосиќ ја поведе Ц. Звезда до победа над Макаби ТА
СледноТФТ доцна се разбуди, нов пораз во АБА 2 лигата