Реал (М) победи со играч помалку и повторно е на врвот во Ла Лига

650

Фудбалерите на Реал Мадрид успеаја да го искористат денешното реми меѓу Џирона и Бетис и да се израмнат на врвот на табелата со каталонскиот тим. Реал го победи Алавес на гостински терен со 1:0, со голот на Лукас Васкез во 92. Минута. Тимот на Карло Анчелоти сега води на табелата со 45 бодови, исто колку што има и Џирона.

Реал во вториот дел остана без Начо Фернандез кој направи опасен старт врз младиот напаѓач на Алавес, Саму Омородион, а судијата Дијаз де Мера најпрво му покажа жолт картон, но по ВАР асистенцијата ја смени одлуката и апсолутно заслужено му покажа црвен картон.

И во ситуацијата со играч помалку Реал имаше иницијатива, за конечно да ја искористи со гол во судиското продолжение.

Вечерва во вториот меч во Ла Лига Мајорка на домашен терен ја победи Осасуна со 3:2.

ПретходноМанчестер Ј. го враќа Амрабат во Фиорентина
Следно„Операција ЕП 2024“: Од Стара Пазова кон Германија (ФОТО)