Сара Ристовска ќе го облече дресот на Рапид Букурешт

347

Најдобрата македонска ракометарка, Сара Ристовска на крајот од оваа натпреварувачка сезона ќе си замине од ЦСКА Москва. Следна дестинација на нашата ракометка ќе е Рапид Букурешт.

Ристовска после четири години ќе го напушти рускиот тим со кого освои многу пехари и стигна до големи индивидуални остварувања.

„Сара Ристовска, од следната сезона во Рапид. Десното крило има 39 настапи за Македонија, на кои постигнала 181 погодок“, се пофали Рапид на својот официјален фејсбук профил.

Пред ЦСКА Москва, нашата интернационалка има настапуван за Металург и Вардар на домашната сцена, а потоа и за Крим од Словенија.

ПретходноУЕФА и ФИФА го загубија спорот, Перез доби „амин“ за Супер-лигата
СледноУО на ФФМ со одлука: Под итно се покренува постапка за воведување на ВАР во ПМФЛ!