Теодосиќ ја поведе Ц. Звезда до победа над Макаби ТА

172

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Макаби ТА во салата „Александар Николиќ“ во Белград и со тоа успеаја да стигнат до шестата сезонска победа во Евролигата. Црвена звезда излезе од кризата која ја зафати во последно време, па оваа денешна победа може да биде голем стимул за во иднина.

Извонредно издание имаше неверојатниот Милош Теодосиќ со 27 поени и 16 асистенции. Џоел Боломбој постигна рекордни 20 поени во кариерата, Рокас Гедраитис додаде 16, а Мајк Тоби додаде 12 поени.

Во вториот завршен меч од 16. коло, Валенсија на домашен терен славеше над Виртус со 79:71.

ПретходноЖалбата е одбиена: Келн нема право да купува фудбалери оваа зима!
СледноРеал (М) го спушти Партизан на земја