Тиквеш се раздели со Куреж и Гасама!

1652

Гал Куреж и Марио Гасама не се веќе членови на Тиквеш. Кавадарчани се разделија со Словенецот и Португалецот со потекло од Гвинеја Бисао.

Ова се првите информации од таборот на кавадарчани во врска со зимскиот пазар.
Да потсетиме дека Тиквеш во пролетниот дел сите карти би требало да ги фрли кон Купот на Македонија. Имено тимот е во полуфиналето заедно со Шкупи, Македонија ЃШ и Воска. Па така реално е да очекува дека тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов да се избори за историско финале, а зошто да не и за нешто повеќе.

Инаку како што велат нашите информации, Тиквеш има намера да се засили со 2-3 квалитетни и искусни имиња. Секако дека треба да се мисли и на првенството зошто кавадарчани сакаат уште по првите неколку кола да го осигураат опстанокот.

ПретходноАко е ова Суперлига: Клубови од Серија А, Ц.Звезда, Феенорд, Порто, Андерлехт…и Реал и Барса!
СледноВардар го раскина договорот со Педрињо!