Кошаркарите на ТФТ доцна се разбудија на вечерашниот дуел од 7. коло во АБА 2 лигата против Борац од Бања Лука и го зпаишаа шестиот сезонски пораз (65:66).
ТФТ лошо го започна мечот и во првиот дел дозволи екипата на Борац да направи голема разлика. Момците на тренерот Боро Смилковски, успеаја да се освестат и по паузата се вратија во ритам. Успеваа од минута во минута да ја топат предноста на противникот и во самиот финиш да влезат во егал меч.
Во последните дваесетина секунди Борац имаше три коша предност, а ТФТ се обидуваше да се приближи за евентуални продолженија. Драмата ја зголеми Ташовски, кој најпрбо постигна поени од игра, а потоа и тројка за да го донесе ТФТ на минус еден (65:66) на 10 секунди до крајот.
Сепак, Борац успеа да ја зачува предноста и на крајот да слави.
Луис со 16 поени беше најефикасен кај ТФТ.