УЕФА и ФИФА го загубија спорот, Перез доби „амин“ за Супер-лигата

1190

Организаторите на Супер-лигата извојуваа голема победа на Европскиот суд против УЕФА и ФИФА, кои немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат под друго меѓународно натпреварување, поточно не е под нивна капа.

Судот беше јасен, УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол за организација на меѓународни натпреварувања, па одлуката да ги казнат организаторите на Супер-лигата е погрешна, не можат да забранат дури лиги ширум Европа и во светот.

На овој начин, Флорентино Перез кој е еден од главните организатори на новото натпреварување може да продолжи со планот, тој веќе има бројка од над 40 клубови кои покажале интерес да бидат дел од новоформираното натпреварување.

„Го добивме правото да се натпреваруваме, ова е крај на монополот што УЕФА досега го имаше во фудбалот. Фудбалот е слободен, клубовите веќе не треба да стравуваат од казни и можат самите да си ја одредат иднината“, се вели во соопштението на А22 Спортс, конзорциумот кој стоеше зад идејата за фудбалска Супер-лига.

 

ПретходноРакометарите се спакуваа – новата „база“ ќе биде Стара Пазова (ВИДЕО)
СледноСара Ристовска ќе го облече дресот на Рапид Букурешт