Целосен распад во соблекувалната: Чави го прати на трибини, доби жесток одговор

4948

Барселона синоќа со многу мака ја победи Алмерија со 3:2 и ја прекина серијата од два меча без победа. Чави Хернандез одамна не бил толку бесен на играта на својот тим.

Стратегот на каталонскиот гигант со еден потег предизвика немири во соблекувалната на каталонскиот клуб. Чави синоќа реши да одмори неколку првотимци, меѓу кои и Френки де Јонг, кој можеби е во најдобра форма од сите во последно време. Многумина беа изненадени што Холанѓанецот остана на трибините, а се чини дека и одлуката навистина не му „легна“.

Лутиот Де Јонг беше фатен на камерите за време на натпреварот и тој беше видно разочаран што не играше и наводно истото му го кажал на Чави.

Мундо Депортиво пишува дека Де Јонг верувал дека ќе биде стартер и се шокирал кога видел дека оди на трибините. Тој имал жесток разговор со Чави кој се обидел да објасни зошто донел таква одлука, но Де Јонг не го интересирало тоа.

Најмалку му треба на Чави незадоволство во соблекувалната од играч кој е доста важен во неговиот тим, а неговото отсуство синоќа навистина можеше да се почувствува во средниот ред.

ПретходноДиректорот на Супер-лигата со порака: Фудбалот е слободен!
СледноСе огласија Шпанците: Супер-лигата е себична!