Чави со критика: Ова е неприфатливо!

419

Тренерот на Барселона – Чави Хернандез ја прокоментира победата на Каталонците против екипата на Алмерија со 3:2 во средбата од 18. коло на шпанската Ла Лига. Тренерот на каталонскиот гигант не беше задоволен од начинот на кој неговите избраници стигнаа до победата, дури и ги осуди нивните постапки како неприфатливи.

„Требаше да го добиеме овој натпревар со два или три спрема нула, но тимот го нема истиот дух што го покажа во шампионската сезона. Ни недостасува агресија и концентрација. Ова е неприфатливо. Примивме два гола на Алмерија, што прилично ја сумира нашата досегашна сезона“, изјави Чави по натпреварот.

Барселона е трета на табелата со скор од 11 победи, пет ремија и два порази. Каталонците имаа четири бода помалку од Реал и шест од водечката Џирона.

ПретходноЛиверпул го растури Вест Хем и ќе игра со Фулам во полуфиналето на Лига купот
СледноТрипл-даблот на Дончиќ сепак недоволен, нова луда партија на Ембид од 51 поен (ВИДЕО)