Шкендија го посакува Роналдо!

2811

Како што велат нашите информации, прашање на час или ден кога Јетон Беќири ќе биде промовиран во шеф на стручниот штаб на Шкендија. Сите детали се прецизирани, останиува само тој да го раскине договорот со клубот од С. Арабија.

Што се однесува со трансфер – пазарот, а Шкендија секако дека секогаш е  интересна со оглед на тоа дека го има најголемиот буџет во ПМФЛ, нашите информации говорат дека тетовци силно се заинтересирани за Вебстер Роналдо (22), напаѓачот на Брегалница кој во изминатата есенска полусезона одигра навистина квалитетно.

Во изминатите денови имало контакти, но проблем за тетовци е тоа што тој има важечки договор со штипските “сини“, а тоа значи дека ќе мора да платат отштета ако сакаат да го имаат во своите редови фудбалерот од Јамајка.

Инаку за Роналдо бил заинтересирани уште два наши клуба, а има понуди за неговите услуги и од клубови од неговата земја, од Јамајка.

ПретходноРеакции по одлуката на Европскиот суд: “Децата не сонуваат ја освојат Суперлигата“ и “Заработи го тоа на терен“!
СледноПСЖ го продолжи договорот со Кимпембе до 2026 година