Фудбалерите на Бетис и Џирона ремизираа 1:1 на еден навистина возбудлив меч во Севиља, во рамките на 18. коло на шпанската Ла Лига. Лидерот во ла Лига водеше до 88. минута, но Бетис на крајот дојде до заслужениот бод.
Џирона сега има три бода повеќе од Реал Мадрид, кој вечерва има шанса да се израмни со нив во поредокот, доколку го победи Алавес на гости.
Гостите вечерва продолжија со одличните партии и на едно од најтешките гостувања во Шпанија. Доминираа на теренот, доминираа во посед, а во 37. минута Савио изнуди пенал. Украинскиот напаѓач Довбик ја презеде одговорноста и во 39. минута го совлада Силва за 0:1.
Упорноста на домашните им се исплатеше откако во 88 .минута, сепак, се спасија од пораз. Аргентинецот Пецела погоди за 1:1 и за заслужен бод за домашните.
Во вториот завршен меч Кадиз и Реал Сосиедад одиграа без голови (0:0).