Балотели се враќа во Македонија како ново засилување за „лавовите“

838

Некогашниот напаѓач на Вардар, 34-годишниот Бразилец Џонатан Балотели е ново засилување за екипата на Македонија ЃП. Како што објавија вечерва од клубот, Балотели се враќа во Македонија, овој пат како член на лавовите од Ѓорче Петров.

Центарфорот досега настапуваше во шампионатот на Малезија како член на екипата Кедах Дарул Аман. По заминувањето од Вардар во 2017 година, помина една година во Катар во екипата на Ал Гарафа, а потоа играше и во Ј. Кореја, Иран, Кина, Кипар и Малезија.

ПретходноЕвропскиот и англиски шампион не сака да чуе за Суперлига
СледноЈошко и ПАОК елиминирани во Купот на ЦЕВ, нов пораз за Ѓорѓиев во ЛШ