Вардар го раскина договорот со Педрињо!

1493

Лелис Фигуередо Педрињо и официјално не е веќе фудбалер на Вардар. Нашиот најтрофеен клуб, пред кого е тешка пролет во битката за опстанок, го раскина договорот со Бразилецот кој во таборот на “црено – црните“ дојде минатото лето.

Што се однесува до Вардар, се чека во секој момент промоција на Горазд Михаилов за нов шеф на стручниот штаб. Се најавуваат и неколку квалитетни засилувања.

Јасно е дека Вардар и тоа како има намера да избори опстанок во нашата ПМФЛ оваа сезона.

ПретходноТиквеш се раздели со Куреж и Гасама!
СледноГостивар со официјална понуда до Иван Ивановски!