Гостивар со официјална понуда до Иван Ивановски!

2834

Како што дознава „СпортСпорт“, амбициозниот Гостивар има намера во претстојниот зимски преоден рок да се засили со Иван Ивановски. Уште повеќе е тоа што гостиварци веќе доставиле и официјална понуда до него, но и до неговиот клуб Тиквеш.

Гостивар има намера на Тиквеш да му плати и отштета за Ивановски, но сепак како што сега стојат работите тешко дека ќе се оствари овој трнсфер зошто искусниот офанзивец е најдобриот фудбалер на тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов и еден од најдобрите во ПМФЛ.Оваа есен Ивановски одигра во врвна форма.

Токму затоа е баран од Гостивар. Сепак за овој трансфер се прашува Тиквеш.

Кога сме кај Гостивар, „СпортСпорт“ веќе информираше дека првото зимско засилување на овиј клуб е Стефан Коцев.

ПретходноВардар го раскина договорот со Педрињо!
СледноХабиб со ова фото јасно покажа што мисли: „Со најголемиот на сите времиња“!