На капитенот на Лутон му е вграден дефибрилатор и е пуштен од болница

197

Англиски Лутон Таун излезе со соопштение за состојбата на дефанзивецот и капитен на тимот, Том Локиер, кој доживеа срцев удар на натпреварот од 17. коло од англиската Премиер лига со Борнмут. Според информацијата објавена попладнево, на играчот му бил вграден кардиовертер-дефибрилатор (ICD).

„Задоволство ни е да објавиме дека нашиот капитен Том Локиер започна период на рехабилитација во удобноста на неговиот дом откако беше отпуштен од болницата во средата. Охрабрувачките вести следат по успешната процедура во вторникот, во која на Том му е поставен кардиовертер-дефибрилатор за да спречи повторување на инцидентот од саботата. Клубот, Том и семејството Локиер би сакале да ја искористат оваа прилика уште еднаш да ја изразат нашата колективна срдечна благодарност до сите во Борнмаут, нивните навивачи, официјалните лица на клубот и особено нивниот медицински персонал и играчот од средниот ред Филип Билинг, кој беше првиот што стигна до Том на теренот и повика помош“, се вели во соопштението.

Претходно11 поени за Нено, 13-та победа за Уникс Казан
СледноЕвропскиот и англиски шампион не сака да чуе за Суперлига