ПСЖ го продолжи договорот со Кимпембе до 2026 година

69

ПСЖ официјално објави дека го продолжува договорот со својот дефанзивец Преснел Кимпембе. 28-годишниот централен дефанзивец го продолжи договорот до 30 јуни 2026 година.

Кимпембе е во клубот од 2005 година, доаѓајќи преку младинските тимови на парижаните. За францускиот гигант има 237 натпревари и 3 гола. Во својата кариера има освоено 23 трофеи во клубот. Тој е и светски шампион со Франција во 2018 година, со 28 меча за „петлите“ и со репрезентацијата триумфираше во Лигата на нации во 2021 година.

Кимпембе моментално се опоравува од повредата на Ахиловата повреда што ја заработи при победата од 3-0 на гости кај Марсеј на крајот на февруари и оттогаш нема настап.

Од ПСЖ исто така прецизираат дека во следните неколку дена дефанзивецот мора да оди на операција за што поскоро да се врати во игра.

ПретходноШкендија го посакува Роналдо!
СледноАнгличаните се закануваат: Кој ќе влезе во Суперлигата автоматски ќе биде исфрлен од Премиерлигата!