Реал и Барса добиваат по милијарда евра: Еве како ќе се игра во Суперлигата, 64 клубови поделени во три ранга! (ВИДЕО)

7717

И дефинитивно сега нема пречка да се основа Суперлигата, односно да започне да се игра. Во тој фудбалски свет на пребогатите клубови планирано е да најдат 64 екипи и тоа поделени во три ранга.

Првата група е наречена “ѕвезди“ и во неа ќе има 16 клубови поделени во две подгрупи со по 8 клубови. Втората група е наречена “злато“ и е поделена исто во две подгрупи со по 8 или вкупно 16 клубови.

Во третата група, која е најслаба, би требало да има 32 клуба поделени во 4 подгрупи со по осум клуба.

Натпреварувањето е поделено во две фази. Се стартува со лигашкото натпреварување во кое секој клуб ќе одигра по 14 средби, седум дома и исто толку на гости.

Најубаво е објаснето во видеото кое може да го проследите подолу.

Инаку според медиумите во Шпанија, како основачи на оваа Суперлига, Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска “инјекција“ од по милијарда евра.

 

ПретходноТензии меѓу Ковач и Тухел (ВИДЕО)
СледноРеакции по одлуката на Европскиот суд: “Децата не сонуваат ја освојат Суперлигата“ и “Заработи го тоа на терен“!