Во 16. коло од Бундеслигата, Баерн на гости го совлада Волфсбург со 2:1. Ова беше доста жесток натпревар, во еден момент нервозата се прелеа на клупите и дојде до вербален конфликт помеѓу Нико Ковач и Томас Тухел.
Во 63. минута Ковач протестираше на одлуките на судијата . Тухел потфрли нешто кон Ковач, кој потоа му пријде на стратегот на Баерн и имаше жестока дискусија со него. Конечно хрватскиот тренер замавна со рака и се врати на својата клупа.
Моментот можете да го видите на овој ЛИНК.
Ковач не го коментираше тој инцидент на пресот, но за самиот натпревар рече:
„Сакавме да ги ставиме противниците под притисок со висок пресинг, но во првото полувреме не игравме силно на топката. Тешко е да се игра против Баерн ако не им се спротивставите физички затоа што нивните играчи едноставно имаат премногу квалитет. Во второто полувреме одигравме добро, но за жал не бевме наградени“.