На денешен ден во далечната 1930 година, во хотелот “Балкан“ во Кавадарци е основан ФК Тиквеш, гордоста на градот, гордоста на Тиквешијата.
Клубот значи денеска го прославува својот 93-ти роденден. Се разбира дека “СпортСпорт“ го честита роденденот на сите во клубот.
Тиквеш е клуб кој е познат и по своите верни фанови “Лозарите“. Клуб кој оваа сезона има шанса, преку Купот на Македонија конечно да излезе и во Европа.
Клуб кој во изминатите 93 години имал подеми и падови, а најпознат бил по настапите во силната Втора лига во некогашна Југославија.
Инаку во поново време Тиквеш е познат и по организирањето на турнирот “Вуко Каров“, меѓународен турнир пред две децении беше атракција на овие простори.