Чеферин: Едвај чекам да почне, само со два клуба! Јунајтед, Баерн, ПСЖ, Атлетико, Дортмунд кажаа – НЕ на Суперлигата!

3411

Тешко ќе им биде на Реал и Барса да ја формираат Суперлигата, односно да соберат пристоен број на клубови. Имено од час во час се издаваат соопштенија на големите европски клубови кои јавно се произнесуваат против Суперлигата.

Засега тоа се Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, ПСЖ, Дортмунд, Атлетико Мадрид, Севиља…

Инаку свој коментар денеска имаше и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин:

Можат да прават што сакаат. Нема да се обидуваме да ги спречиме. Јас лично едвај чекам да почне тоа фантастично натпреварување во кое ќе учествуваат само два клуба“ изјави во ироничен стил Словенецот.

ПретходноАнгличаните се закануваат: Кој ќе влезе во Суперлигата автоматски ќе биде исфрлен од Премиерлигата!
СледноТиквеш денеска го прославува 93.роденден!