Ракометарите во Стара Пазова ќе работат комбинирано, дел од тренинзите ќе бидат посветени на тактичка подготовка, дел на физичка. Атмосферата во редовите на нашиот најдобар национален тим е одлична, сите работат сплотено кон создавање на одлична енергија која треба да се пренесе на теренот во Германија.
Што се случуваше ова утро во Стара Пазова можете да ѕирнете на линкот во продолжение.
Македонија во јануари повторно ќе ја гледаме на голема сцена, ќе биде дел од ЕП 2024 година, а за противник ќе го има домаќинот Германија, како и селекциите на Франција и Швајцарија.