Де Лаурентис ја поддржа Суперлигата: Со фудбалот управуваат старци без визија

244

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис кажа дека планира да се сретне со колегата од Реал Мадрид, Флорентино Перез околу идејата за европската Супер лига. Вчера Европскиот суд даде дозвола за формирање на Суперлигата што значи дека планот може да почне со реализација.
Таа е поддржана од Барселона и Реал Мадрид, но поголем број на клубови како Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Атлетико, Милан и други ја отфрлија идејата да се придружат и останаа верни на УЕФА.
Но Де Лаурентис планира да го поддржи новиот турнир.
Модерниот фудбал го предводат старци без визија. Зборував со Флорентино Перез и се согласивме да се сретнеме со другите заинтересирани да разговараме за идните планови. “, изјави Де Лаурентис.

Наполи не беше вклучен во оригиналниот проект на Суперлигата претставен во 2021 година.

ПретходноУште едно заминување – Пелистер се раздели со тројца странци во последните три дена
СледноЕден од шефовите на Суперлигата: Клубовите се со нас, сега се плашат поради УЕФА