НБА ас може да изгуби 126 милиони долари поради дебелина

226

Зајон Вилијамсон, играчот на Пеликанс може да остане без повеќе од 126 милиони долари поради тоа што не се придржува до препораките на клубот и да ја намали телесната маса, пренесува „Атлетик“. Последните три години од договорот не му се загарантирани затоа што клубот може да ја активира клаузулата и да го отпушти кошаркарот.
Минатата сезона Вилијамсон одигра само 29 натпревари, а поголем број пропушти поради повреда и бавното опоравување поради вишок на килограми.
Според договорот кошаркарот не смее да помина граница од 133 килограми или ќе плаќа пенали. Просечно оваа сезона бележи по 22 поени, 6 скокови и речиси 5 асистенции по меч.

ПретходноАјакс не личи на себе – елиминиран од аматери во Купот на Холандија
СледноУште едно заминување – Пелистер се раздели со тројца странци во последните три дена