Владата, на денешната седницa донела Одлука за прераспределба на средства од Буџетот за 2023 година, конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар.
Станува збор за сума од 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.
Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар.
Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.