Чави „урлал“ по ѕвездите во соблекувалната: Сакам да трчате како свињи!

834

Барселона освои три бода во последниот официјален натпревар годинава откако ја совлада Алмерија со 3:2. Овој натпревар продолжува да биде тема во шпанските медиуми кои ја следат Барса која го загуби и мечот од Клуб Америка во рамките на Светското клупско натпреварување.

Чави ја искористи паузата на мечот против Алмерија за да одржи говор кој го нарече најтежок во неговата тренерска кариера, а шпанските медиуми сега откриваат што се случило во тие десет минути меѓу двете полувремиња од мечот меѓу Барса и Алмерија.

„Мундо Депортиво“ наведува дека тренерот на Барселона никогаш не бил толку брутален во обраќањето кон поединци како на тоа полувреме, посебно бил груб кон Роберт Левандовски.

„Самото негово влегување во соблекувалната го навестуваше најлошото. Чави пцуеше и шутна се што му беше на патот. Потоа ја зема таблата на која ги црта акциите, ја ставил пред себе и почнал да удира додека вика: „Не може! Не може така!“, се наведува во текстот и се додава дека неговиот гнев не застанал тука, туку дека бил пренасочен кон облеката што ја искинал.

„Сакам да трчате како свињи“, извикал Чави, лут на играта на тимот во првото полувреме и обвинувајќи ги за недостаток на душа и труд на мечот по кој јавно ги прозва своите играчи.

 

ПретходноЕлиф Елмас на крајот на месецот на лекарски прегледи во Лајпциг
СледноДе Лаурентис: Точно е, го продадовме! Елмас сака постојано да игра!