Милан се спаси од пораз на гостувањето кај Салернитана во еден од двата вечерашни дуели во новото коло од Серија А. Фудбалерите на Стефано Пиоли ремизираа 2:2 на гостински терен со гол во судиското продолжение.
Милан подобро го почна мечот и веќе во 17. минута Фикајо Томори со глава го совлада домашниот голман Костил за 0:1. Во финишот на првиот дел, Федерико Фацио го израмни резултатот во 43. минута.
Антонио Кандрева го искористи киксот на голманот на Милан, Мањан и во 63. минута го донесе домашниот тим во водство. Милан се спаси по вегувањето во игра на Лука Јовиќ кој погоди во 90. Минута за конечни 2:2.
Фиорентина победи со 1:0 на гости кај Монца.