Ал Ахли од Египет е „бронзен“ на Светското клупско првенство

118

Африканскиот шампион Ал Ахли од Каиро го освои третото место на Светското клупско првенство во фудбал што се одржува во Саудиска Арабија. Тие во малото финале ја совладаа јапонската Урава со 4:2.
Со головите на Ибрахим и Тау, африканската екипа поведе со 0:2, а пред крајот на првиот дел Канте намали на 1:2.
Урава успеа да изедначи со гол на Шолц од пенал во 54 минута, а во продолжение на мечот Ал Ахли постигна два гола стигнаа до победата. Прво Коизуми си постигна автогол, потоа Малоул промаши пенал за Ал Ахли, а истиот играч стави точка во 90+8 минута.
Инаку Ал Ахли по деветти пат учествуваше на Светското клупско првенство.

ПретходноГРК Охрид се пофали со јапонски ракометар
СледноОФИЦИЈАЛНО: Суарез потпиша за Интер Мајами