Англичаните веќе го скроија календарот и за следната сезона која ќе почне на 17 август

164

Новата сезона во Премиер лигата ќе започне на 17 август, точно 90 дена по завршувањето на тековната сезона. Новиот шампионат ќе започне околу еден месец по финалето на Европското првенство во Германија закажано за 14 јули.

Последниот натпревар во сезоната 2024/2025 ќе се одиграна 25 мај 2025 година и нема да има натпревар на Бадник.

„Во согласност со претходните обврски преземени кон клубовите да се справат со зафатените распореди за Божиќ и Нова Година, ќе бидат преземени дополнителни мерки за да се обезбеди повеќе време за одмор во три од празничните кола. Ниту еден клуб нема да игра во рок од 60 часа по одиграниот натпревар“, соопштија од Премиер лигата.

ПретходноМЗТ Скопје претрпе трет пораз во АБА 2 лигата
Следно400 килограми скапана риба како предупредување за фудбалерите на Лориен