Карло Анчелоти даде зелено светло за Рафаел Варан да се врати во Реал Мадрид. По повредите на Едер Милитао и Давид Алаба, Реал Мадрид ја интензивираше потрагата по централен дефанзивец. Клубот сака внимателно да ги проучи сите опции кои ќе бидат достапни на пазарот во текот на зимскиот преоден рок, а Варан засега е опција бр. 1.
Според весникот „АС“, Анчелоти позитивно ја оценува опцијата за враќање на Варан, дури и земајќи ја предвид неговата историја на повреди, бидејќи Рафаел одамна го потврди своето високо ниво и има големо искуство. На тренерот му се допаѓа и тоа што на Варан нема да му треба време да се прилагоди во Реал Мадрид. Покрај тоа, Мадрид верува дека враќањето на Варан би било добра зделка, со оглед на тоа што тој беше продаден на Манчестер Јунајтед за 40 милиони евра.
Главната пречка за враќањето на Варан во Мадрид може да биде неговата висока плата.