Астон Вила се „коцкаше“ и едвај извади реми со Шефилд Ј.

150

Астон Вила и Шефилд Јунајтед одиграа возбудлив дуел, а Вила иако има сериозни амбиции за врвот, пропушти голема шанса да се искачи барем за кратко на првото место во Премиер лигата сезонава. На „Вила Парк“ вечерва беше 1:1, со тоа што домашните се спасија од пораз во 98. минута.

По масовните напади на Астон Вила без реализација во текот и на првото и на второто полувреме, казната стигна во 87. минута. Камерон Арчер погоди за 0:1 и експлозија од ентузијазам кај гостинските играчи и навивачите.

Голот ја потресе Вила, но до крајот на натпреварот домаќините успеаја да израмнат во осмата минута од судиското надополнување со голот на Заниоло за 1:1.

ПретходноЈовиќ донесе реми за Милан на гости кај Салернитана
СледноЈокиќ со супер партија, но заврши и со крвави раце по мечот со Бруклин! (ВИДЕО)