Репрезентацијата на Германија го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи токму во нивната држава. Селекторот Алфред Гисласон објави 19 имиња за турнирот, а само еден игра во странство – голманот Андреас Волф кој игра за Киелце, а сите други се од Бундес лигата.
Германија ќе игра со Македонија, Швајцарија и Франција во групната фаза.