Германија го објави конечниот список на ракометари за ЕП 2024

139

Репрезентацијата на Германија го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи токму во нивната држава. Селекторот Алфред Гисласон објави 19 имиња за турнирот, а само еден игра во странство – голманот Андреас Волф кој игра за Киелце, а сите други се од Бундес лигата.
Германија ќе игра со Македонија, Швајцарија и Франција во групната фаза.

ПретходноОфицијално: Супер-лигата од следната сезона ќе брои 12 екипи!
СледноАјакс не личи на себе – елиминиран од аматери во Купот на Холандија