„Граѓаните“ се искачија на врвот на светот: Манчестер Сити ја освои светската клупска титула! (ВИДЕО)

205

Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во историјата ја освоија титулата светски клупски шампион. Попладнево во Џеда, англискиот првак го совладаа тимот на Флуминенсе со 4:0.

Избраниците на Пеп Гвардиола ја оправдаа улогата на фаворити против шампионот на Јужна Америка и прилично лесно дојдоа до триумфот.

Првиот гол дојде уште по неполна минута, откако ударот на Аке ја погоди стативата, топката се одби до Хулијан Алварез, кој непречено ја смести во мрежата.

Во 27. минута, Фил Фоден биеше, а со несреќен потег на капитенот Нино, Флуминенсе си постигна автогол и им овозможи на Англичаните предност од 2:0.

Самиот Фил Фоден ја затресе мрежата во 72. минута и со тоа стави крај на секоја дилема околу прашањето за победник на овој меч. Четвртиот гол во мрежата на Флуминенсе дојде во 88. минута и тоа беше втор гол за Јулијан Алварез.

ПретходноТричко го матираше Шишковски за нова победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)
СледноОле Гунар Солскјер го презема Бешикташ?