Де Лаурентис: Јас би формирал Серија Е во која ќе играат само 14 врвни италијански клубови

773

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека ќе седне со Флорентино Перез за да разговара за идејата за Суперлигата со што ја искажа својата поддршка за овој турнир.

Де Лаурентис го кажа своето мислење и за Серија А но и промени кои би ги внел доколку се прашува тој.

Веднаш би создал Лига Е, каде што Е ќе значи Елита. Само тимови од градови со релевантен број на граѓани. Екипата на Палермо која дава финансиски гаранции не треба да игра каде што игра сега – во Серија Д. Бари, со повеќе од еден милион навивачи потенцијално, не може да остане таму каде што е“, рече тој.

Сега имаме тимови во Серија А кои се од градови со 20.000 граѓани. Тие не продаваат ни 10.000 билети по натпревар. Седум или осум клуба доминираат во лигата, па само додадете уште седум со исти амбиции и можеме да направиме Елитна лига со 14 клубови. Потоа, две групи во Серија А со 20 екипи. Остатокот е аматерски фудбал и може да се користи како младински сектор.

„Тоа би било како кошарката во САД. Арените секогаш се распродадени. Запрашајте се колку заработуваат. Некои тврдат дека ќе се изгуби чувството за натпреварување. Ова воопшто не е вистина“, вели АДЛ.

ПретходноАтанасовска со најдобар успех на слаломските трки во Хохфуген
СледноГРК Охрид се пофали со јапонски ракометар