Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е во центарот на вниманието. После речиси три години го напушта Наполи, неговиот нов тим е Лајпциг. Двата клуба се договорија, а Елмас на крајот на месецот ќе оди на лекарски прегледи по што и официјално ќе биде промовиран како ново засилување на Бундес-лигашот.
Во јавноста се огласи и првиот човек, Аурелио Де Лаурентис, кој откри зошто се согласиле да ја прифатат понудата на Лајпциг.
„Да, го продадовме Елмас. Тој е некој кој сака постојано да игра“, изјави тој, кој потоа додаде:
„Ми се чини дека Елиф не успеа да разбере дека тој е стартер за тимот дури и кога не игра 90 минути. По неговото заминување ќе мора да донесеме едно или две засилувања за средниот ред“, вели Де Лаурентис.