Лазаров и Шола имаат посебен договор за „контролата“ во Стара Пазова

328

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на претстојното Европско првенство 2024 година, каде ќе ја чека тежок предизвик, за противници ги има домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Кирил Лазаров и неговите избраници во овој момент се во Стара Пазова каде ќе останат до 29 декември кога ќе одиграат пријателски меч против Црна Гора.

Лазаров и предвоникот на Црна Гора, Владимир Шола, договориле мечот да се игра 90. минути поточно трипати по 30 минути. Со оглед на краткото време за подготовки, но и можноста за закажување на контроли мечеви, двете селекции на овој начин ќе можат да им дадат шанса на сите ракометари.

Ракометарите по кратка пауза за новогдишните празници продолжува на втори јануари. Во Скопје ќе одиграат два меча против Грција (4 и 5 јануари), а потоа полека ќе почнат да се пакуваат за Германија.

Првиот меч на ЕП 2024 се игра на 10. јануари во Дизелдроф против Франција.

ПретходноЛуис Суарез има нов клуб!
СледноПрвиот меч со Грција ќе биде отворен за јавноста!