Марко Шварц победник на ноќниот слалом во Мадона ди Кампиљо

73

Австрискиот скијач Марко Шварц победи во ноќниот слалом од Светскиот куп кој вечерва се возеше во Мадона ди Кампиљо во Италија. По првата трка Шварц беше шести, но со одличен втор учинок стигна до победата.

Второто место со 25 стотинки заостанување го зазеде Французинот Клемент Ноел, кој водеше по првото возење, додека третата позиција ја освои Британецот Дејв Рајдинг со 39 стотинки заостанување зад победникот, пробивајќи се од 15-та позиција до подиумот.

ПретходноУште една најава за реконструкција на салата „Градски Парк“
СледноЈовиќ донесе реми за Милан на гости кај Салернитана