МЗТ Скопје претрпе трет пораз во АБА 2 лигата

93

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и третиот пораз во новата сезона од АБА 2 лигата. По победата на Подгорица од пред два дена, вечерва во мечот од 7. коло одигран во Широки, момците на Васко Атанасов беа поразени од екипата на Спартак Суботица со 81:86.

Од почетокот на мечот беше забележливо дека кошаркарите од Суботица беа подобро расположени за игра. Ја добија првата четвртија со 22:19, а разликата ја зголемија за уште два поени во вториот период, па на пауза заминаа со 37:44.

Иако очекувавме многу подобра партија на нашиот шампион во вториот дел, Суботица продолжи во уште подобро издание. Разликата на крајот на третиот период скокна на 14 поени и потоа беше многу тешко да се очекува некаква сензација во завршните 10 минути. До крајот нашиот првак успеа да се приближи, но не и да ја анулира предноста на противникот.

Расел со 16 и Војдан Стојановски со 15 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека кај Спартак Суботица 20 поени останаа запишани зад името на Барна.

ПретходноАнчелоти дал „зелено светло“ за враќање на Варан
СледноАнгличаните веќе го скроија календарот и за следната сезона која ќе почне на 17 август