Пред стартот на ЕП 2024 година, Македонија од Скопје ќе се одјави со два контролни меча и тоа против Грција.
Првиот дуел со нашиот јужен сосед ќе биде од отворен карактер и бесплатен за љубителите на ракометот. Желбата е на сите, ракометарите да бидат испратени во добра атмосфера и поддршка од трибините.
Мечот ќе се игра во 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека пак втората средба ќе биде од затворен карактер по договор на двете репрезентации.
Македонија на ЕП 2024 година ќе игра во група против двата најголеми кандидати за медал, Франција и Германија, како и против Швајцарија која дефинитивно низ годините стана тим за респект.