Родри е најдобар играч на Светското клупско првенство

101

Родри го доби признанието за најдобар играч на Светското клупско првенство во 2023 година.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, кој не го заврши финалето против Флуминенсе (4:0) поради повреда на десната нога, ја освои „Златната топка“. „Сребрената“ му припадна на неговиот соиграч, дефанзивецот Кајл Вокер.

Трет на листата на најдобри фудбалери на турнирот беше играчот од средниот ред на Флуминенсе Џон Аријас.

ПретходноОле Гунар Солскјер го презема Бешикташ?
СледноУште една најава за реконструкција на салата „Градски Парк“