Тричко го матираше Шишковски за нова победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

109

Иван Тричковски ја продолжува голетерската низа на Кипар. Денеска на натпреварот од 16. коло против Докса, нашиот интернационалец погоди за победа на АЕК Ларнака од 2:1 во дуелот со тимот на нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски.

Интересно е што Докса водеше на полувреме со 1:0, но во вториот дел АЕК Ларнака со два гола направи целосен пресврт. Голот на Тричковски во мрежата на Шишковски стигна во 82. минута.

Претходно400 килограми скапана риба како предупредување за фудбалерите на Лориен
Следно„Граѓаните“ се искачија на врвот на светот: Манчестер Сити ја освои светската клупска титула! (ВИДЕО)