Суспендиран е Општинскиот Фудбалски Сојуз од Струмица од страна на УО на ФФМ со одлука донесена пред неколку дена на состанокот кое го оддржа ова тело на федерацијата.
Струмичкиот ОФС пред три години одлучи да го бојкотира Собранието на ФФМ и да не делегира делегати во највиосокото тело на федерацијата. Во тоа време тоа се покажа како погрешна одлука затоа што Струмица беше единствената која се реши на таков „бојкот“ од вкупно 26 ОФС кои го сочинуваат Собранието на ФФМ.
Скоро три години Струмица не беше активна а нивните делегати и судии беа ставени под „мраз“. Еве сега и Сојузот е суспендиран па така клубовите од Срумица сега ќе мора во друг град да вршат регистрации на фудбалери.
Фудбалските работници во најскоро време треба да најдат решение за спас на нивниот ОФС. Имаат време затоа што на пролет ќе биде Собранието на ФФМ на кое би можело да се верификува некоја нова одлука од ОФС Струмица.