Детроит повторно запиша пораз, овој пат од Јута (119-11) на домашен терен. На овој начин Пистонси се доближија на пораз до негативниот рекорд во НБА-лигата од 26 загубени мечеви во иста сезона.
Детроит има скор од 2-26. Негативниот рекорд го држат Кливленд (2010/2011) и Филаделфија (2013/2014) запишаа 26 порази во низа, Сиксерси пак во две сезони развлекоа низа од 28 порази.
Филаделфија во сезоната 1072/73 заврши со 9-73, додека најлош процент на победи имаше Шарлот во скратената сезона 2011/2012 од 7/59 или 10,6 отсто на победи.
Резултати: Детроит – Јута 111:119, Кливленд – Њу Орлеанс 104:123, Чикаго – Сан Антонио 114:95, Мемфис – Индијана 116:103, Милвоки – Орландо 118:114, Оклахома – ЛА клиперс 134:115, Минесота – ЛА лејкерс 118:111, Портланд – Вашингтон 117:118.