Јовиќ донесе реми за Милан на гости кај Салернитана

234

Милан се спаси од пораз на гостувањето кај Салернитана во еден од двата вечерашни дуели во новото коло од Серија А. Фудбалерите на Стефано Пиоли ремизираа 2:2 на гостински терен со гол во судиското продолжение.

Милан подобро го почна мечот и веќе во 17. минута Фикајо Томори со глава го совлада домашниот голман Костил за 0:1. Во финишот на првиот дел, Федерико Фацио го израмни резултатот во 43. минута.

Антонио Кандрева го искористи киксот на голманот на Милан, Мањан и во 63. минута го донесе домашниот тим во водство. Милан се спаси по вегувањето во игра на Лука Јовиќ кој погоди во 90. Минута за конечни 2:2.

Фиорентина победи со 1:0 на гости кај Монца.

ПретходноМарко Шварц победник на ноќниот слалом во Мадона ди Кампиљо
СледноАстон Вила се „коцкаше“ и едвај извади реми со Шефилд Ј.