400 килограми скапана риба како предупредување за фудбалерите на Лориен

187

Фудбалерите на француски Лориен на денешниот тренинг во клупската база биле дочекани од 400 килограми расипана риба истурена пред тренинг центарот. Рибите биле фрлени од најфанатичните поддржувачи на францускиот клуб, кои се незадоволни од залагањето и резултатите на фудбалерите.

Екипата на Лориен се мачи оваа сезона во Лига е и моментално е на 17-тото место на табелата. Резултатите се ужасни, а во нив се вклучени девет порази во 17 натпревари.

ПретходноАнгличаните веќе го скроија календарот и за следната сезона која ќе почне на 17 август
СледноТричко го матираше Шишковски за нова победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)