Темата за Супер-лигата вчера повторно стана актуелна по одлуката на Судот на правдата на Европската унија, кој пресуди дека УЕФА постапила незаконски со закани и со санкции кон тимовите кои сакале да се приклучат на проектот. Ова им даде надеж на главните иницијатори на идејата за турнирот – Реал Мадрид и Барселона – повторно да разговараат за воскреснување на планот, дури и компанијата зад концептот – А22 да претстави нов формат на турнирот.
Како резултат на тоа, Премиер-лигата, Серија А, Бундеслигата и Лига 1 излегоа со ставови дека се против Суперлигата и ќе останат верни само на турнирите спонзорирани од УЕФА.
Истото го направи и Здружението на професионални клубови во Европа, како и голем број од големите клубови на Стариот континент.
Се чекаше абер од Ливерпул и Арсенал, но денеска тренерот на лидерот на табелата Микел Артета го кажа своето мислење.
„Многу сме јасни и сме на иста позиција. Сакаме да играме во Лигата на шампионите и така ќе продолжиме. Нашиот план не се менува“, јасен беше Артета.
🔴⚪️ Arteta on Super League: “It’s all very clear on our side: we remain in the same position”.
“We love playing Champions League football and we will continue to do so, our plan doesn’t change”. pic.twitter.com/vuBAEaQ6SI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 22, 2023