Иван Тричковски ја продолжува голетерската низа на Кипар. Денеска на натпреварот од 16. коло против Докса, нашиот интернационалец погоди за победа на АЕК Ларнака од 2:1 во дуелот со тимот на нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски.
Интересно е што Докса водеше на полувреме со 1:0, но во вториот дел АЕК Ларнака со два гола направи целосен пресврт. Голот на Тричковски во мрежата на Шишковски стигна во 82. минута.