Лидерот во Серија А без грешка: Интер го „реши“ и Лече

100

Фудбалерите на Интер славеа на домашен терен против Лече со 2:0 и останаа со 4 бода предност на врвот на табелата во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги остварија заслужена победа иако до прв гол чекаа до 43. минута кога Јан Бишек го постигна својот прв гол во дресот на „нероазурите“.

Предноста на Интер ја удвои Николо Барела, кој во 78. минута ја искористи маестралната асистенција на Арнаутовиќ и го постави конечниот резултат.

Верона на домашен терен славеше против Каљари со идентичен резултат, 2:0.

ПретходноИмаше ли пенал за Ливерпул? Одегард игра со рака, судијата и ВАР молчат! (ВИДЕО)
СледноАрсенал може да биде среќен, освои голем бод на „Енфилд“ (ВИДЕО)