Неверојатно: Ѕвездата на Леверкузен со најверните фанови на Ривер “фатен“ како навива за својот некогашен клуб! (ВИДЕО)

851

 

И тоа го има во Аргентина, каде фудбалот е повеќе од страст и живот, без разлика дали си познат фудбалер, ѕвезда на Леверкузен.

Имено на мечот меѓу Ривер Плата и Росарио, меѓу најверните фанови на Ривер, иако беше закамуфлиран, камерата го “фати“ и фудбалерот на Баер Леверкузен, Езикијел Паласиос.

И тој навиваше како и сите останати фанови на Ривер за својот некогашен клуб.

Факт е дека Паласиос е на одмор, факт е дека тој до него беа неколкумина обезбедувачи, но овој негов потег секако дека нема да го израдува тренерот на лидерот во Бундеслигата, Чаби Алонсо.

Ќе има што да му каже на Аргентинецот.

ПретходноПретседател на фудбалски клуб вршел трговија со наркотици
СледноТрансфермаркт: Ова се тројцата највредни фудбалери во светот