Партизан се засилува со хрватски репрезентативец

586

КК Партизан во потрагата по нов плејмејкер, најверојатно ќе дојде до засилување кое е актуелен репрезентативец на Хрватска. Станува збор за Џејлен Смит, американскиот кошаркар кој има хрватски пасош и настапува за „коцкестите“ во последните години.

Смит летово заигра за Виртус Болоња, откако претходно го носеше дресот на Алба Берлин. Слабата минутажа во Италија ќе го натра оваа зима да бара промена на средината.

Италијанците веќе му дале одврзани раце да преговара со Партизан. Смит најверојатно веќе постигнал и договор со белграќани и до Нова година ќе потпише договор на 6 месеци.

ПретходноНови, страшни детали за смртта на Коби Брајант!
СледноСкандалозно: Грилиш им се потсмевал со “ОЛЕ“, па затоа Мело “збеснал“ и сакал да го тепа по мечот! (ВИДЕО)